gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометниот клуб Металург и официјално го испрати своето барање, за добивање на таканаречена „вајлд-карта’’, односно право за настап во елитната Лига на шампиони, следната сезона.

Екипата од Автокоманда, го достави своето барање до Ракометната федерација на Македонија (РФМ), а оттаму пак истото е препратено до Европската ракометната федерација (ЕХФ).

Денеска е последниот рок за сите национални федерации да пријават кои клубови и во кои купови ќе ги претставуваа.

Металург кој заврши зад Вардар и Зоминам М. во македонската лига, според пласманот треба да настапува во ЕХФ купот, заедно со струмичката екипа. Меѓутоа, Металург го искористи правото да побара од својата РФМ, како посредник до ЕХФ, да игра во Лигата на шампионите, се разбира, доколку ги задоволи строгите барањата на ЕХФ пред се создавање на конкурентен тим.

Според најавите ЕХФ би требало да одлучува на 19 јуни, односно да го соопшти комплетниот список на учесници во Лигата на шампионите во сезоната 2015/16, вклучувајќи ги и екипите кои добиле право преку „вајлд-карта’’.
Минатата сезона на ваков начин Вардар доби право за настап во Лигата на шампионите, а за следната сезона шансите се поголеми затоа што ќе се игра по нов систем, со 28, наместо 24 екипи.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode