Напишано од Eлена Четврток, 25 Јуни 2015 11:34
Новиот сингл "Menjam dane", претставува вовед во албумот "B strana ljubavi".
- Промените може да бидат добри, а ние одлучивме оваа година да бидат и повеќе од вредни и покрај настапи, концерти, патување, сепак да најдеме време и да пишуваме. Новата песна "Menjam dane", сами ја напишавме. Таа е производ на различни емоции, животни ситуации и некои од искуствата што сакавме да ги одбележиме. Драго ни е што можеме сега, на почетокот на летото да ја споделиме со фановите, а од есен се подготвуваме за нови концерти, соработка со други автори. Ова ќе биде многу возбудлива година, а сме само на половина - зборуваат Фрајле за новата песна и се што нивните фанови треба да очекуваат.
Песната ќе се најде на новиот албум "B strana ljubavi" кој ќе биде готов на крајот на есента, покрај промоција на новиот албум, Фрајле подготвуваат и поголеми концерти во Белград и Нови Сад.