gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Најновиот спот на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“ помина без нејзино учество.

Во спотот игра докажаната актерка од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актер од ФДУ, Тони Денковски.

Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната е искористен лајтмотивот за несреќната љубов.  Спотов раскажува за една интригантна љубов, што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена.


Спотот е во реализација на Горила Филм – преку новиот закон за субвенционирани композиции.  Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на Нино Васков, додека
текстот е на Владимир Крстевски – Франц.

Од Горила продукција најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долго очекуваниот албум „Еден Ден“, а  концертната турнеја започнува претстојниот викенд во Неготино – Клуб Хавана.



Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode