gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во кругот на своите најблиски Тамара Тодевска по цели 11 години го промовираше својот втор албум насловен „Еден Ден“.

На албумот се најдоа 13 композииции меѓу кои 5 нови “Врвот е дно“, “Фрази Љубовни“ со ДНК, “Промена“ со Тони Зен, “Трофеј“, “Баш на тебе“, пијано верзија на "Тажна љубов, среќна песна",  и веќе добро познатите "Готово е", "Брод што тоне", "Тажна љубов, среќна песна", “Тешко без тебе“, “За миг“, “Залудно е“.

На албумот работеа еминентни музички имина како Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска - Ена, Нино Васков, Игор Џамбазов, Владимир Крстевски – Франц, Живоин Глишиќ, Тони Зен, Ксенија Николова и Панчо.

Албумот е во издание на Горила продукција која изминатите 4 години се грижи за сите ангажмани на Тамара Тодевска и истиот ќе биде во продажба од денеска 15.07 во сите музички продавници по промотивна цена од 299 денари. 

Луѓе јас сум многу среќна што конечно го промовирам мојот втор албум. Долго време го спремавме и навистина сум горда на она што го сработивме. Мене лично многу ми се допаѓа и сметам дека немаме ниту една утка на него, а тоа е најважно, изјави Тамара.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode