gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На 7-ми Август во Хераклеа Битола и на 9-ти Август во Антички Театар Охрид, концерти ќе одржи еден од нашите најдобри современи пијанисти и композитори, Дуке Бојаџиев, со својот фантастичен проект “Сон Верба,Љубов”.
 


Дуке Бојаџиев ке настапи со неговиот ансамбл од специјални гости:
Исмаил Лумановски – кларинет, Тања Царовска – вокал, Мартин Ѓаконовски – контрабас, Мартина Блажеска – вокал, Костас Анастасиадис – перкусии, Владимир Крстев – стринг квартет.

Сон, Верба, Љубов“ во себе ја инкорпорира музиката која што Дуке Бојаџиев ја создаде за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, потоа композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, како и нови, досега неизведени творби.

Вклучувајќи ги и аранжманите и изведбата, проектот може да се опише како вкусен спој на филмска, класична и изворна музика, и во него силно се чувствува поднебјето на авторот, односно духот на македонската традиција. Покрај македонскиот традиционален звук, музиката на Бојаџиев опфаќа фолклорни елементи и од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, и со тоа влијае на фузионирање на културното богатство на сите народности што живеат во Македонија. Проектот „Сон, Верба, Љубов“ ке биде изведен во престижниот Карнеги Хол во Њу Јорк на 8 октомври годинава, со камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

Биографија Дуке Бојаџиев

Дуке Бојаџиев е Македонски композитор, продуцент и пијанист, кој од 2001 година успешно живее и работи во Њу Јорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот Факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ Беркли во Бостон. Низ неговата интернационална кариера Дуке има работено со добитници на Оскар како Џонатан Деми и Данис Танович, како и со Македонскиот режисер Столе Попов на неговото последно филмско остварување. Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како Пежо, Ланком и Лореал, разни светски компилации како Буда Бар и Маракеш Експрес. Има работено со артисти како Синди Лопер и Телепоп Мјузик, а има настапувано во светски дворани, меѓу кои Карнеги Хол во Њу Јорк, Авалон Театар во Лос Анџелес и Античкиот Театар во Охрид.

Билетите се пуштени во продажба од денес, преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе по цена од 400,оо денари.

Во прилог слушнете ја новата песна на Дуке Бојаџиев со Мартина Блажеска - "Eternity"

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode