gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската поп-пејачка Каролина Гочева со својот сега веќе историски проект „Македонско девојче“, покрај настапите надвор од Македонија како Бугарија (Банско фест) и Србија (Егзит Фестивал) ќе одржи неколку големи концерти и во Македонија, соопштуваат од нејзината матична куќа „Авалон продукција“.

Досега потврдени се три концерти и тоа, на 23 јули Каролина со својот бенд ќе има свој самостоен концерт во Битола во античкиот локалитет - Хераклеа, а следниот ден на 24 јули, пејачката ќе настапи во Античкиот тетар во Охрид.

Оваа мини турнеја завршува на 2.август, кога Каролина на нашиот најголем национален празник ќе пее во Дојран во Градскиот парк кој ќе биде голем празничен концерт за сите фанови од Дојран, Струмица, Гевгелија, Валандово ....

Влезниците по цена од 300 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode