gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Влатко Лозаноски - Лозано, настапи во Витебск, Белорусија во ревијалниот дел на фестивалот „Славјански Базар“, а неговиот најнов хит „Како тебе нема друга“ доби преубав видео запис.

Лозано ја продолжува успешната соработка со Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и аранжманот, и Магдалена Цветкоска, која ги напиша стиховите за „Како тебе нема друга “. Цветкоски вели: „Песната по стилот потсетува на музичките почетоци на Влатко Лозаноски и неговиот прв албум, но секако вметнавме и нови елементи. Сигурен сум дека ќе биде голем хит, не само летово, туку ќе се слуша многу подолго.“

Идејата за оваа песна е од пред две години, полека ја работевме и и се навраќавме. Сега е вистинскиот момент за неа. Верувам во љубов, вистинска и искрена, тоа го препознава мојата публика. Сите мои чувства ги внесов пеејќи ја оваа песна која е приказна за двајца вљубени, за две навистина сродни души“ - вели Влатко Лозаноски.

Видео записот кој е снимен во „Рагуза“, е во продукција на „Горила Филмс“, режијата и монтажата се на Горан Костадинов, а снимател е Кристијан Теодоров.

За стајлингот беше задолженаВикторија Арсовска,за шминка и фризура фризерското студио „Ив“, а впечатливите очила се од „Диоптра Оптик“.

Лозано денеска заминува за Витебск, Белорусија, каде по покана од организаторите на меѓународниот музички фестивал „Славјански Базар“ ќе настапи како гостин во ревијалниот дел заедно со Дамјан Пејчиноски, еден од најдобрите македонски гитаристи.

На овој фестивал, кој важи за еден од најпрестижните  фестивали во светот и на кој секоја година учествуваат реномирани пејачки имиња, Лозано учествуваше во 2009. и го освои второто место.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode