gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Големо задоволство ми е да излезам со целосно свој проект. Посебно сум среќен и благодарен на соработката со Александра, Дарко и Огнен. Со овој тим и сингл го најавувам мојот нареден проект – сингл и албум. До наредниот сингл, уживајте во 10 лета !“ – изјави Даниел Кајмакоски.


Даниел Кајмакоски го објавува својот нов сингл и видео спот на македонски јазик со наслов “10 Лета”. Автор на песната е Александра Милутиновиќ, аранжман и продукција Дарко Димитров, превод и адаптација на Огнен Неделковски.

Текстот за синглот 10 лета го претставува Даниел како емотивен и силен дечко. Се зборува за љубов која се случила можеби не во правото време, но секако не е само авантура и нешто минливо. Благодарејќи на Дарко Димитров кој е продуцент на овој сингл, песната звучи свежо и му дава на Даниел еден свој печат, на почетокот на својата кариера. Како што би рекле ние авторите - се надевам дека песната и успехот ќе траат долго!” – изјави Алесандра Милутиновиќ.


Видео спотот ја дополнува љубовната приказна од песната, прави дополнително уживање низ прошетка на различни локации снимени во Охрид. Даниел во спотот е придружуван од Поликсена Тунтева. Спотот е во реализација на ДК тим и Storyteller.

Наскоро ќе следи објавување на “Деценије” српската верзија на песната, заедно со видео спот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode