gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Распеани и разиграни Јамајканки и Кубанки заедно со Тајзи и неговиот бенд ни носат нешто навистина поинакво ова лето.

„На спотот „Амор“ се работеше 3 дена ,станува збор за голема екипа, прекрасни луѓе и енергии од повеќе страни на светот. Ова е досега еден од најдобрите негови проекти“, велат од екипата која работеше на новиот видео запис. Снимано е на повеќе локации- Каса Кубана и Роџер Пијано- Скопје, Аџитепе- Куманово.

Спотот е на Владимир Дади Ивановски кој уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите македонски режисери, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а текстот и музика на Драган Величковски - Тајзи.

Кога станува збор за оваа тројка на уметници не е чудно што имаме ваков финален производ.

Освен што Тајзи е активен на музички план, тој стана и магистер по јавна администрација и локална самоуправа.

Во сабота, на плажата Немо, Тајзи ќе одржи голем концерт, а воедно ќе биде промовиран и новото видео за „Амор“

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode