gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во рамките на втората вечер на Пастрмајлијадата во Штип, Калиопи одржа концерт кој долго ќе се памети и уште еднаш покажа зошто е во врвот на балканската музика. Моќниот вокал, емотивниот и енергичен настап, одличниот бенд, совршениот звук и  прекрасната сцена, не оставија никого рамнодушен.


Публиката која го преполни просторот кај раскрсницата Дујле, како едно ги пееше старите и новите хитови на Калиопи и уживаше во двочасовниот концерт. Повеќе од 20 000 посетители беа сведоци на вонсериската изведба на Калиопи, која маестрално, суверено како никогаш до сега блескаше на сцената. Т

аа го започна концертот со мега хитот Црно и бело, а  публиката како најсилен хор запеа со неа и веќе на самиот старт се почувствува  флуидот меѓу неа и публиката ....потоа се редеа  Дали ме сакаш, Дај да пијам,  Месечина, Обои ме, Мелем, Бато, новите синглови Мојот дом и Пожели ... и уште многу,многу други

Калиопи веднаш после концертот изјави:


Најубаво е да се пее дома! Македонската публика е таа што ме израсна и ми го даде пиететот и силата со која денес ја пренесувам пораката и надвор од нашите граници.Премалку се два часа да се одпеат сите хитов , но сепак се потрудив да направам програма која е пригодна за вакви масовни настани. Најмногу ме радува најмладата публика, тие ме прават посебно среќна  кога ги гледам во првите редови. Тоа сеуште ми говори дека мојата музика има повеќекратна сила и дека нејзиниот век се  продолжува.”

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode