gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Еден од најуспешните, но и најозборуваните артистина социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што  и покрај озборувањата собра најголема публика.

Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека  музиката  е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да  излезе наредната година.

„Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна и мислам дека сега и дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат  песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и  како што кажува самиот текст- животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал највише“ - вели Тајзи во врска со новата песна - “Се ми е со тебе“


Новите песни на кои работи се со реге-ска ритам и со социјални теми и како што тој самиот кажува, продолжува по патот на будење на свеста на луѓето за подобро утре, за материјализмот кој се повеќе е во луѓето, за  еднаквост  и со живот како и против било каква поделба била верска или партиска.

Во прилог погледнете го видеото,
песната може да ја слушате како Фортуна Хит на секој час на Радио Фортуна

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode