gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Се започна со детскиот музички сон, на нејзина 6 годишна возраст, со настапот на Макфест, како придружба на престижните Маријана и Росана. Денес со гордост можеме да ја наречеме една од најспецифичните, најуникатни, најприродни Македонски музички поп ѕвезди кои сјаат на македонското сценско музичко небо. Зад сево ова се крие името на Тамара Тодевска.


Во организација на Горила продукција, во петок, на 27. Ноември, во Арената „Борис Трајковски“ поп дивата Тамара Тодевска ќе одржи голем концерт, кој ќе биде исполнет со нејзините најубави хитови, но и со бројни изненадувања што на публиката ќе ги приредат нејзините гости со кои Тамара соработувала.

За прв пат после долгогодишна пауза на сцената како гостин ќе се појави Раде Врчаковски - Врчак, уникатниот Игор Џамбазов, автор на бројни хитови на Тамара, ДНК, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски, Тони Зен и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 03. Ноември во сите продажни салони и места на МК Тикетс, салоните на Оне и Југотон.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode