gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Денес можете да купите сè што ќе посакате на интернет, па дури и цел еден остров. Токму така, еден блогер неодамна заедно со своите пријатели купил остров за помалку од 100.000$.

Тинан купил остров близу крајбрежјето на Халифакс, Нова Шкотска заедно со 10 пријатели.

„Отсекогаш сакав остров, но никогаш не верував дека овој сон ќе ми се оствари со мојот буџет“ – вели Тинан.

Уште додека бил во средно училиште посакувал да има свој приватен остров, но оние кои ги гледал или биле предалеку или биле прескапи.

Во 2013-та добил препорака од пријател да ги разгледа канадските острови на една интернет страна Private Islands Online.

По долго пребарување наишол на идеалниот, 20.234m2 недопрена земја лоцирана на далечина од 1 час од аеродромот во Халифакс.

Испратил електронска пошта на 20 пријатели барајќи луѓе кои би сакале да го купат островот заедно со него. По краток период, островот имал 11 сопственици.

„Беше чудно, не бевме сигурни од каде да започнеме и што точно треба да направиме, шумата беше густа и требаше барем дел од неа да исечеме за да можеме слободно да се движите“ – вели Tynan.

Потоа започна втората фаза, градење на место за простор. Најмиле неколку локални жители да направат платформа од 9 метри. Основната конструкција ја направиле по само 9 часа.

Сега сè што им преостанува е да продолжат со уредување на севкупниот простор на островот.

Кога се собира толкава бројка на луѓе нормално е да постојат несогласувања и расправии, а меѓу првите била во однос на именувањето на островот.

По извесен период одлучил да го именуваат „Феникс“, бидејќи во 2003-та година бил уништен од ураган, а сега со нив повторно се обновува – излегува од пепелта како феникс.

Во иднина сите ќе земат по еден дел од островот и ќе имаат можност да си направат свој мал простор за живеење или летување.

Преземено од crnobelo.com

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box