gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Кога големата желба ќе се претвори во реалност...

Феноменалниот Марко Бошњак од Прозор Рама (БИХ) го остави целиот регион без здив на самиот почеток на втората сезона на музичкиот натпревар “Пинкове sвездице”. Кога ова скромно единаесетгодишно момче запеа со полн глас и публиката и жирито ги остави во солзи. Токму ова мало момче постигна и склучителен успех  во 2012та година на детскиот музички фестивал “Рама 2012” во БИХ, каде победи со својата интерпретација на евровизискиот хит “Црно и бело” од Калиопи.

Една од најголемите желби на талентираниот Марко беше токму - да ја запознае Калиопи. Оваа желба деновиве и му се оствари. Имено, Марко последните неколку дена престојуваше во Скопје како музички гостин на нашиот прочуен детски фестивал "Златно славејче" на кој ги исполни песните "One night only" и “Црно и бело”. Овој викенд се запозна со својот музички идол - Калиопи.

Во Марко го препознав сето она што од мали нозе го носев во себеси. Од моментот на нашата средба и силната преграта со него ме преплави радост и  надеж дека во овој свет ќе владеат малечките големи” - ги пренесе своите впечатоци Калиопи после длабоко емотивната средба со Марко Бошњак.

Фотографиите зборуваат повеќе од зборовите...

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode