gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Петнаесет години по објавувањето на нејзиниот прв сингл, овој петок, 27-ми ноември, денот на големиот концерт на Тамара Тодевска во СЦ „Борис Трајковски“!


Изненадувања, емоции и хит рефрени – ќе бидат лајтмотив на претстојниот концерт. Замислете само колку моќно ќе звучи „Тажна љубов, среќна песна“ кога ќе ја пеат илјадници луѓе! Возбудата расте и поради најавените настапи на бројните гости и пријатели  на Тамара, Игор Џамбазов, Раде Врчаковски-Врчак, ДНК, Влатко Илиевски, Даниел Кајмакоски и нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ.

Последниве денови се во знакот на успехот за Тамара. На Македонскиот радиски фестивал МАРС 2015, „Фрази љубовни“ на Тамара и  ДНК им донесе награди за Апсолутен радиски хит на годината и најдобра соработка.

Горила Филмс го промовира и најновиот видео запис за темата „Баш на тебе“, во режија на Горан Костадинов. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров. Музиката и стиховите за оваа композиција ги напиша Игор Џамбазов, а аранжманот го направи Роберт Билбилов.

Концертот е скоро распродаден, останат е мал број влезници во продажба. Не ја пропуштајте можноста да уживате во овој врвен  музички настан за кој долго ќе се зборува!

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode