gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Горила продукција ценејќи дека интересот за концертот е голем, во продажба пушти нови 460 ВИП билети за седење веднаш пред бината, поради големиот интерес за седечки билети. Новите билети се на најубава позиција во Арена Борис Трајковски и чинат по 500 денари.

Интересот и очекувањата од овој пред новогодишен концерт на Љубојна се големи, се очекува Љубојна и виртуозите Влатко Стефановски, Исмаил Лумановски, Џамбо Агушев и Васил Хаџиманов да приредат незаборавна вечер која мора да се проследи.

Концертот ќе се одржи на 17. Декември, во четврток, со почеток во 20,30 часот во Арената Борис Трајковски.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode