gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Едно од највуските овошја, веројатно се јагодите.

Во продолжение, неколку забавни и интересни факти за јагодите кои можеби не сте ги знаеле:

1. Јагода со просечна големина има 200 семки.

2. Јагодата е „член“ на семејството рози.

3. Во Белгија постои музеј кој е посветен само на јагодите.

4. Во средниот век, јагодите биле послужувани на важни настани и главно, на богатите луѓе ( кралеви, благородници и слично).

5. Шест јагоди со средна големина дневно ги задоволува потребите за витамин Ц.

6. Иако доаѓа до грешка, ботаничарите за јагоди не го класифицираат во семкасто овошје. Имено, семкастото овошје, како боровинките и рибизлите ги имаат семките внатре во плодот, додека јагодите имаат семки од надворешната страна (кои се жолти и суви). Значи, јагодите спаѓаат заедно со малините и дуденките во јагодесто овошје.

7. Конзумирањето јагоди кои се богати со нитрати, може да го зголеми протокот на крвта и воздухот до мускулите и до седум отсто. Ова го спречува заморот на мускулите и го олеснува вежбањето.

8. Ако сте бремени, осум јагоди содржат 20 отсто од потребната дневна доза фолна киселина.

9. 150 грама јагоди содржат само 45 калории.

10. Јагодите би требало да имаат силен мирис. Оние кои го немаат не се зрели. Имајте  на ум, дека тие не дозреваат по берењето.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box