gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Екипата на мјузиклот "Наша била сторија" со гордост го претставува нивниот втор сингл и спот за песната "Манта ме јубав".

Со песната "Манта ме јубав" Северина, Горан Каран, Даниела и Џулиано нè носат до сончевиот Сплит во 70-тите години, со танцување покрај вода каде што сите се занесени од љубов.

- "Спотот за песната "Манта ме јубав" од мјузиклот "Наша била сторија", е снимен во Трогир, како и за песната "Шта је свит", во режија на Дарко Дриновац. Оваа весела и љубовна песна ја донесуваат гласовите на моите добри пријатели Северина, Даниела и Џулиано, сепак, за целите на видео, нашата четворка танцуваше целиот ден на улиците на Трогир. Да се направи сликата уште побогата игриаа плус осум танчери, избрани од страна на кореографот Игор Бабериќ заедно со нас. Навистина прекрасно искуство, благодарение на градот Трогир и на целиот тим со висок професионализам и добро расположение" - изјави Горан Каран.

- "Песната "Манта ме јубав" е симпатична и убава, се надевам дека ќе им се допадне на публиката како што ни се допаѓа на сите нас. Целата "Наша била сторија" е еденпријателски излет во нешто што сите ние сме го почувствувале како дел од нашето детство и растењето" - рекла Северина.

Погледни го видео спотот и уживајте во атмосферата на Медитеранот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode