gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Поврзува, инспирира, поттикнува


Беше лето, 2004... Млада девојка влезе во Филијалата и срамежливо проговори:

“Јас сум студент и ќе ми биде потребно да платам партиципација на Факултет следниот месец. Има ли можност, јас да земам кредит, бидејќи живеам само со мајка ми, и не сакам да и бидам на товар. Сакам јас сама да си ги платам студиите. Знаете, јас работам во едно кафуле и можам сама да си го отплатам кредитот..”

Таа беше нашиот прв член – студент, жена и вистински пример за инспирација!

Ова е причината, зa што ние постоиме – да помагаме и поттикнуваме!

Во оваа прилика, сакаме да ги инспирираме и поттикнеме жените од Македонија - да им дадеме можност за професионален и личен развој, да ги поврземе со жените од кредитните унии ширум светот преку Форумот на жени – лидери на ФУЛМ Македонија, како дел од

Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) и Светскиот Совет на кредитни унии WOCCU (www.woccu.org)

Настан: ФОРУМ на жени лидери на ФУЛМ Македонија

Организиран од: ФУЛМ Македонија

Поддржан од: Штедилница ФУЛМ, ЗГ ФУЛМ, WOCCU, GWLN, PSCU and Mitchell Stankovic & Associates.,

Датум: 25 Јуни 2016 година, 12 часот

Локација: Скопје, Зебра Центар, Квинс хотел, Сала за Конференции

Д-р Лаурета Фарел, Извршен директор во Affinity Federal Credit Union, САД и претставник на Глобалната мрежа на жени лидери GWLN (www.cuwomen.org) која ке има свое обраќање и презентација на проектот Sister societies на Форумот.

Глобалната мрежа на жени лидери ги поврзува жените од кредитните унии ширум светот и им овозможува професионален и личен развој преку електронски или персонални едукативни платформи. Мрежата нуди меѓународни перспективи во заедничките интереси со кои се соочуваме сите, ширум светот. Со вклучување во интеракција со други професионалци во бизнис форумот, жените можат да пристапат до неограничени извори и да учат од искуствата на другите.

Забелешка до уредниците: Штедилницата ФУЛМ (www.fulm.com.mk; и на социјалните медиуми Facebook, Linked In, Youtube/ФУЛМ Штедилница/FULM Savings House) на Mакедонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога го импементираше проектот за штедно-кредитни унии во Македонија преку WOCCU (www.woccu.org) финансиски поддржан од USAID ( www.usaid.mk) . Во своето повеќегодишно работење, Штедилница ФУЛМ преку своите филијали низ цела Македонија во Скопје, Кавадарци, Битола, Струмица и Тетово реализира преку 22.000 кредитни линии на: вработени, студенти, невработени, пензионери и земјоделци, со вкупен износ над 1,5 милијарда денари. Штедилницата ФУЛМ е член на Светскиот совет на кредитни унии со седиште во Медисон, САД, еден од основачите на Европската мрежа на кредитни унии со седиште во Брисел, партнер со Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org) и со Асоцијацијата на кредитни унии на Полска (www.skok.pl)

Дополнителни информации: 88% од вработените во Штедилница ФУЛМ се жени, 72% од менаџментот се жени, 83% од сите практиканти кои работеле во ФУЛМ, се жени.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box