gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Победија студентите! Младоста и ентузијазмот, креативноста и знаењето го движат светот.

iku

Оваа година, темата на Меѓународниот ден на кредитни унии (ICU day) е „Автентичната разлика“. Вистинско време е да кажеме и да се потсетиме што е она што ги прави кредитните унии навистина уникатни. Вистинско време е да се подигне свеста за привилегиите и придобивките од кредитните унии и особено оваа година е вистинско време за младите и за студентите!

  • Датум: 20 Октомври, 2016
  • Локација: Скопје,
  • Универзитет "Св. Кирил и Методиј "Економски факултет"
  • Време: 12:00 часот
  • Организирано од: ФУЛМ Македонија
  • Поддржано од: ФУЛМ Македонија и MCUL, Мичиген, САД

Со поставување на младите како движечка креативна, образована и прогресивна сила, оваа година Штедилница ФУЛМ, го прослави овој ден, 20 октомври 2016 година, токму со и меѓу младите, на Економскиот факултет во Скопје при УКИМ, промовирајќи ги принципите и придобивките од кредитните унии, особено принципот на континуирана едукација. Овој настан покажа дека младоста, ентузијазмот, знаењето и креативноста го движат светот. 

Кулуминација на настанот беше прогласувањето на добитникот на Студентската стипендија за 2016 година, со покажани најдобри резултати на ФУЛМ онлајн-прашалникот, во конкуренција со повеќе од 100 кандидати. Студентската стипендија е обезбедена од Фондот за студентски стипендии, кој пред 2 години го основаа MCUL, САД и ФУЛМ Македонија за поддршка на студентите и нивната едукација. Да се постават луѓето пред профитот и да се обезбедат прифатливи финансиски услуги за своите членови е основната филозофија на постоењето на кредитните унии. Оваа година, Светскиот совет на кредитни унии (WOCCU) ја промовира автентичноста на кредитните унии преку 9 принципи, што ја претставуваат различноста на кредитните унии од другите финансиски институции.

Ние сме сигурни дека овој настан ќе ја подигне свеста за кредитните унии, со што ќе се зголеми членството низ целиот свет, а со тоа и остварување на визијата на Светскиот совет на кредитни унии за 2020 година - 220 милиони членови низ целиот свет. Очигледно, оваа мисија е остварена уште сега! Според статистичкиот извештај за 2015 година, 60.500 кредитни унии, во 109 земји во светот, опслужуваат 223 милиони луѓе. (www.woccu.org) ЗАБЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ: Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU (www.woccu.org ) финансиски поддржан од УСАИД (www.usaid.org ).

Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите. Во изминатите 16 години, Штедилницата ФУЛМ има опслужено околу 20.000 луѓе, со повеќе од 30.000 кредитни и штедни партии. Денес, Штедилницата ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и преку своите 6 филијали: 2 филијали и шалтер во Скопје и филијали во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово. Штедилница ФУЛМ – Меѓународна соработка: Полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии - водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки (www.woccu.org ). Партнер и финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID www.usaid.org ).

Партнер на Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org ) Партнер на Националната асоцијација на кредитни унии во Полска (www.skok.pl) Имплементатор на Проектот за подобрување на пристапот на жени и млади до финансиски услуги, победнички проект на Светската конференција на кредитни унии - Денвер, САД 2015

Дознајте повеќе за Штедилница ФУЛМ во www.fulm.com.mk

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box