gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Штедилница ФУЛМ - Вашите соништа се остваруваат тука

fulm1

Горди сме на овој став, што е силна потврда за влијанието на ФУЛМ во поддршката и напредокот на младите во РМакедонија.
Денес прославивме во сите филијали на Штедилница ФУЛМ, заедно со членовите на ФУЛМ, а прославата ја збогативме со подароци од Есенската кредитна промоција!

Во согласност со интернационалната тема на денот на кредитни унии: ,,Вашите соништа растат тука” и интересот на студентите за Work & Travel програмата, како и користењето на W&T кредитите на ФУЛМ Штедилница, оваа година, ПОБЕДНИКОТ и добитник на студентската стипендија на Натпреварот со наслов: My Work & Travel dream, беше прогласен на централната прослава на Интернационалниот ден на кредитните унии се одржа на 19ти октомври, 2017 (четврток), во Битола, на Педагошкиот факултет во Битола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во 11:00 часот

Ни причинува особено задоволство што оваа година, заедно со нас, прославуваа и Work&Travel агенциите, со кои во изминатите години востоставивме одлична соработка и на кои им доделеивме благодарници.

ФУЛМ стана дел од Македонското секојдневие и сигурна потпора во реализација на плановите, желбите и потребите на членовите на ФУЛМ... Во изминатите 18 години, со опслужени близу 20.000 луѓе, Штедилница ФУЛМ во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирање и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, и особено до финансиски исклучените категории на население, особено помеѓу жените и младите..

ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), во 2014 година го основаа Фондот за студентска стипендија со цел - поддршка на едукацијата и напредокот на младите луѓе во РМ.

Сигурни сме дека овој настан ќе ја подигне свесноста за кредитните унии, како финансиски институции што ги ставаат луѓето пред профитот и чија визија е да обезбедат поквалитетно живеење.

Според статистичкиот извештај за 2016 година, 68.000 кредитни унии, во 109 земји во светот опслужуваат 235 милиони луѓе. (www.woccu.org)

,,Огромниот сертификат за победник и добитник на студентска стипендија, не е само пaрче хартија туку тоа има многу поголемо значење за мене: ми помогна со студиите, ме мотивираше и ме потсетуваше дека вратите на ФУЛМ се постојано отворени за мене. Штедилница ФУЛМ е институција која се грижи за нас студентите, ни дава поддршка и ни го олеснува патот кон професионалниот живот...” (изјава на првиот стипендист на ФУЛМ).

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box