gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Сингапур, Sun Tech City. Престижната награда за 2018 - World Council Growth Award (награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии), оваа година, во избор од 109 земји во светот, ја доби Штедилница ФУЛМ од Македонија. Наградата беше доделена на 16 Јули 2018 година, на Меѓународната конференција на кредитни унии (Тhe world credit union conference), што се одржа од 15 до 18 Јули 2018 година, во Suntec convention center, во Сингапур (http://www.wcuc.org/ )

Fulm1

Ова големо признание за исклучителниот труд и посветеност, доаѓа во вистинско време – во пресрет на 20 годишнината на Штедилница ФУЛМ и уште повеќе ја поттикнува радоста за освоеното I (прво) место, помеѓу 68.000 кредитни унии на 6 континенти во светот! Второто и третото место припаднаа на кредитните унии Sicredi од Бразил и AIRAC од Доминиканската Република. Добијте дополнителни информации за настанот на следниот линк: https://www.woccu.org/letters/?mt=4119&c=17144&cs=db63a

Повеќе од 30.000 граѓани во Македонија се заслужни за оваа награда, кои во изминатите близу 20 години, со нашите кредити и депозити ги реализираа нивните успешни приказни заради кои се гордеевме секојдневно, истакна М-р Елеонора Згоњанин Петровик, Управител на Штедилница ФУЛМ.

ЗАБЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ: Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU (www.woccu.org ) финансиски поддржан од УСАИД (www.usaid.gov ). Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите.

Во изминатите близу 20 години, Штедилницата ФУЛМ има опслужено повеќе од 30.000 луѓе, со своите финансиски услуги - кредитирање и штедење.

Штедилницата ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и преку своите 6 филијали: 2 филијали и шалтер во Скопје и филијали во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Штедилница ФУЛМ – Меѓународна соработка: 

  • Полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии - водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки (www.woccu.org ).
  • Партнер и финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID www.usaid.gov )
  • Партнер на Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org )
  •  Партнер на Националната асоцијација на кредитни унии во Полска (www.skok.pl)
  •  Имплементатор на Проектот за подобрување на пристапот на жени и млади до финансиски услуги, победнички проект на Светската конференција на кредитни унии - Денвер, САД 2015 (http://news.cuna.org/articles/107120-world-council-announces-3-grants-for-global-womens-network )

Дознајте повеќе за Штедилница ФУЛМ на www.fulm.com.mk , или на нашиот профил на социјалните медиуми: Facebook, Youtube, LinkedIn и Instagram

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box