Напишано од Eлена Петок, 10 Август 2018 12:28
Поради големата посетеност на првиот базар организиран од страна на Честитка, и желбата да се присуствува на еден несекојдневен настан исполнет со многу забава идеи и креации на вешти лица, со огромно задоволство Ве покануваме на PopUp Базарот на ракотворби, кој ќе се одржи на 19ти август (недела) во хотел Континентал.
Одлична прилика да се дружите, забавувате, да дознаете нешто ново и да си заминете со нешто уникатно.
Покрај занаетчиите и ракотворците, чуварите и одржувачи на духот на рачната изработка, ви подготвивме одлична програма, слатки изненадувања за најмалите, подароци за учениците и голем број на награди:
18:00-18:40 “Здравко заборавко” – детска претстава во изведба на театар Арт Вени Види
од 19:00 - Mагионичар
20:00-22:00 Уживање со музиката на бендот #DuoDis
Награди:
- *Викенд за двајца во Охрид – две ноќевања со појадок
- *Вечера за двајца
- *Пакет млечни производи
- *Торта
Збогатете го вашиот викенд и направете го уште пошарено ова лето!
Влезот е бесплатен!
Последни објавени во оваа категорија
- ЗЛАТНА РИПКА ВРЕДНА 1.000.000
- Освоен е стан, за само 100 денари, на инстант лозот „Доме сладок доме“ на Државна лотарија
- Нови и неодоливи Вива 100% Цедени сокови
- Државна лотарија додели уште еден автомобил BMW X1
- Државна лотаријa додели уште еден BMW X1 од инстант лозот МИНИ и МАКСИ
- Во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“