Напишано од Eлена Петок, 10 Август 2018 13:27
Младиот крал поп музиката Џејсон Деруло на 28 октомври во Белград
Авторот на најголемите хитови на поп музиката, Џејсон Деруло ќе настапи на 28-ти октомври во Старк Арена!
Светската ѕвезда, во моментов најпозната по хитовите "Tip Toe", "Swala" со повеќе од милијарда прикажувања на YouTube, "If I'm Lucky" и песната "Colors", која е химна на 2018 ФИФА Светското Првенство.
Платинестите синглови вклучувајќи ги "Watcha Say", "Talk Dirty", "Marry Me", "The Other Side" и "It Girl", додека "Get Ugly" и "Dont Wanna Go Home" поминаа како златни хитови. Стримовите на неговите нумери надминуваат 6,3 милијарди, а прегледите на YouTube надминаа 4 милијарди. На радио, неговата музика дојде до повеќе од 20 милијарди слушатели, со над 3,5 милиони изданија!