gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Авалон Продукција со неверојатно задоволство ни ја споделува следнава вест.

Eros

После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.

Во рамките на својата светска турнеја „Vita cen`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, еднаод најголемите светски пејачки ѕвезди, ЕROS RAMAZZOTTI ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека ЕROS ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто EROS доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

eros1

Концертот на ЕrosRamazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

ВАЖНО: Влезниците за концертот на ЕrosRamazzotti, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode