gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ, добитник на годинешната награда за најголем пораст од WOCCU во светот, ја одбележа 70 годишнината на Интернационалниот ден на кредитните унии и почеток на промоцијата на 20 годишнината од основање.

FULM


На прославата беа врачени благодарници на најзаслужните членови и соработници на Штедилница ФУЛМ, за нивниот особен придонес. Настанот го збогати присуството и обраќањето на Претседателот на Владата на РМ, Г-динот Зоран Заев, кој упати честитка на менаџментот и членовите за признанието за најдобар пораст во конкуренција на 106 земји и успехот што го постигна ФУЛМ, оваа година во Сингапур.

Многу земјоделци од Струмичкиот регион се дел од успешната приказна во изминатите 20 години во првата Филијала Муртино. Ванчо Чавдаров, кој благодарение на кредитот од ФУЛМ можеше да засади овоштарник со цреши, вишни и јаболка во село Старо Балдовци. Ванчо потенцира дека искрениот однос на вработените беше пресуден за да земе кредит од Штедилница ФУЛМ. “Парите ми ги дадоа со алал, па дрвцата пораснаа невообичаено големи”, вели во шега, Ванчо Чавдаров.

Интернационалниот ден на кредитните унии (ICU Day) го слави концептот: ,Луѓе помагаат на луѓе”, и потсетува на историјата на движењето на кредитните унии. Овој ден се слави секој трет четврток во месец октомври, веќе 70 години, од 1948 година. Според статистичкиот извештај за 2017 година, 89.026 кредитни унии, во 117 земји во светот, опслужуваат 260 милиони луѓе. (www.woccu.org)

Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU, финансиски поддржан од УСАИД. Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите.

Во изминатите 19 години, Штедилницата ФУЛМ има опслужено околу 25.000 луѓе, со повеќе од 35.000 кредитни и штедни партии. Денес, Штедилницата ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и Филијала во Аеродорм и 2 шалтери во Скопје и филијали во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

Штедилница ФУЛМ – Меѓународна соработка: Полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии - водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки (www.woccu.org ), Партнер во спроведување на DCA програмата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID www.usaid.gov), Партнер на Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org ), Партнер на Националната асоцијација на кредитни унии во Полска (www.skok.pl), Имплементатор на Проектот за подобрување на пристапот на жени и млади до финансиски услуги, победнички проект на Светската конференција на кредитни унии - Денвер, САД 2015, Добитник на најпрестижната награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии - 2018 – World Council Membership Growth Award .

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box