gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Каролина заедно со Македонската Филхармонија во деновите на љубовта во живо во Скопје
15 и 16.02.2019, Македонска филхармонија

karolina naslovna

Авалон Продукција со големо задоволство ви го најава нивниот следен проект за 2019-та година- нашата најголема музичка ѕвезда, Каролина Гочева, за прв пат во својата кариера ќе се претстави во живо на концерт, заедно со комплетниот состав на Македонската филхармонија.

Концертите се закажани во деновите на љубовта, на 15 и 16-ти февруари и ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани.

karolina naslovna1

Новата сала на Македонската филхармонија како убедливо најдобра сала од тој тип во Европа во моментов, овозможува 100 отсто услови за неверојатно квалитетен музички производ каков што сме сигурни дека ќе добиеме од Каролина и сите музичари во вечерите на 15 и 16-ти февруари.

Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари, ќе бидат пуштени во продажба од среда (28.11) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон, и ако се земе во предвид што се случуваше со последните концерти на Каролина во МОБ, се разбира дека треба да побрзате.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode