Напишано од Eлена Петок, 07 Декември 2018 14:40
CREATIVE MACEDONIA Ве поканува на ВТОР НОВОГОДИШЕН БАЗАР
Повелете на 8-ми Декември во хотел Континентал заедно да го почувствуваме духот на празниците и да ги понесеме боите на честитките.
Над 85 ракотворци ќе ви ги понудат своите рачни изработки, ќе ви дадат идеи за уникатни подароци, за збогатување на вашиот дом, работно биро или едноставно за ваш личен новогодишен мерак.
Спремете се за целодневен престој и најавете дома да не ве чекаат за ручек, бидејќи овој Базар има програма поради која нема да сакате да си заминете. Проекција на цртани, детска претстава, магично шоу, музички бендови, штиклирање на шопинг листи, честитки и насмевки се на репертоарот на нашиот Базар.
Слободен влез!
Програма
- 12:00- Магично шоу
- 13:00- Arthur Christmas'
- 15:00- Школа за гитара Бојковски
- 17:00- Детска претстава- Дедо Мраз кај Црвенкапа
- 18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
- 19:00- Рецитал на англиски и француски јазик
Последни објавени во оваа категорија
- Нови и неодоливи Вива 100% Цедени сокови
- Државна лотарија додели уште еден автомобил BMW X1
- Државна лотаријa додели уште еден BMW X1 од инстант лозот МИНИ и МАКСИ
- Во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“
- ЛЛ Кетеринг ќе донира храна во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје
- Силк Роуд Банка ја предаде втората донација на Клиниката за детски болести