Bruno Mars знае како од едноставна љубовна приказна да направи песна што веднаш останува во глава.
„Dance with me“ носи топол ретро звук, романтична атмосфера и оној препознатлив Bruno Mars шарм. Песната е дел од неговиот четврти студиски албум „The Romantic“ и е создадена за оние моменти кога музиката забавува, а на подиумот остануваат само двајца.

Во песната, Bruno повикува на уште еден танц и уште една шанса љубовта повторно да се разбуди – едноставна идеја, но со многу емоција, а вниманието веднаш го привлече и појавувањето на Karol G во видеото.
Романтика, ретро groove и одлична хемија во приказната – комбинација што веќе ги освои фановите.





