Летото може да започне: Уживаме со новите вкусови на Вива Фреш соковите Saint Tropez и Blue Violet
Дали сонувате за топли летни денови на плажите во Сен Тропе, додека вкусот на портокал и манго ви ги разгалува сите сетила? Или можеби сте поголеми фанови на летните ноќи кои имаат сино-виолетова боја, многу насмевки, моменти за паметење и вкус на рибизла и јаболко? Ова лето за прв пат Сен Тропе и сино-виолетовите летни ноќи може бидат секаде со Вас.
Тимот на Вива ги создаде најновите летни вкусови Saint Tropez и Blue Violet, кои ќе му дадат нов и свеж вкус на ова лето. Креаторите на Вива Фреш освежителните пијалоци ни открија што ги прави новите вкусови посебни.
– Кога ги креиравме новите вкусови размислувавме на сето она што го посакуваме и ни недостасува во текот на целата година, а тоа се дефинитивно летните, безгрижни денови и ноќи. Сен Тропе го доловува вкусот на летниот ден, онака како што ние го замислуваме. Комбинацијата од портокал и манго е совршено освежување која за момент ќе нè однесе на некоја егзотична плажа и ќе нè разгали. Blue Violet потсетува на возбудливите летни ноќи. Тие се токму такви, сино-вилетови. Сеуште можете да го почувствувате сонцето кое се скрило зад хоризонтот и му дава виолетова боја на небото. Летните ноќи се исполнети со искуства кои не сме ги очекувале, но ја направиле ноќта незаборавна. Токму таква е комбинацијата на рибизла и јаболко – различна и совршена. Уште додека бевме во фаза на барање на совршените летни сокови, во моментот кога ги пробавме овие комбинации знаевме дека тоа е тоа. Едноставно сакавме да произведеме голтка лето. Нашите верни потрошувачи заслужија нови вкусови за новите прекрасни искуства кои се пред нив.
Ова е прв пат освежителните пијалоци на Вива Фреш да имаат интересни имиња кои ги прават овие пијалоци уште попривлечни. Од тимот на Вива, велат дека со овие нови вкусови Вива Фреш летото може да започне!
– При првата голтка од овие вкусови го чувствувате нивниот карактер. Нашиот тим одлучи дека овој карактер мора да се круниса со соодветно име. Па така комбинацијата од омилениот портокал и егзотичното манго нè потсети на Азурниот брег, километарски плажи, весели луѓе и пријатен разговор. Ни беше јасно дека од сега, Сен Тропе ќе може да го вкусиме каде и да сме, па така и овој вкус го доби своето име. Кога ја пробавме комбинацијата на рибизла и јаболко веднаш знаевме дека мора да добие соодветно, елегантно и летно име. Па така, таа ги отсликува сино-виолетовите летни ноќи и ја нарековме Blue Violet. Овој вкус е неочекувано добра комбинација, совршена како летен ветер покрај море по заоѓањето на сонцето. Топло им препорачуваме на сите фанови да ги пробаат новите вкусови кои ги создадовме за нив и Вива Фреш летото може да започне!
Летните денови се пред нас, но тие секогаш траат прекратко. За наша среќа тимот на Вива сокови ги создадоа Saint Tropez и Blue Violet и од сега летото можеме да го вкусиме секогаш и секаде.