Нели Фуртадо, Тов Лу, Сиги Луис со нова песна “Love Bites”

152

Нели Фуртадо го објави својот нов фантастичен сингл “Love Bites”.
Песната е соработка со шведската поп пејачка Tove Lo и британскиот диџеј SG Lewis . Излезе на 22ри мај 2024 и веќе почна да се искачува на топ листите.

Текстот на “Love Bites” ја напиша и продуцира Нели Фуртадо, Тов Лу и Сиги Луис.

Од 2023 година, пејачката презентираше три соработки. Работеше со Dom Dolla на “Eat Your Man”, со Justin Timberlake и Timberland работеше на одличната песна “Keep Going Up”, а на “Gala y Dalí” таа содработуваше со Juanes.

Платформите како ТикТок обезбедија нови обожаватели на нејзината музика, а диџеите брзо го следеа трендот со ремикси. Пејачката неодамна го препиша своето “враќање” во музичкиот свет на диџејската заедница.

Почувствував дека диџејската заедница повторно ме повикува кон музика. Диџеите направија ремикс на моите песни и ги вртеа на концерти, во клубови и на социјалните мрежи и сфатив колку луѓето сакаат да танцуваат и да “побегнат” со мојата музика.

Објавувањето на “Love Bites” дојде речиси истовремено со “Say It right”, кој достигна милијарда прегледи. Тоа е првото видео на пејачката во Billion Views Club. Беа потребни 15 години за видеото да ја постигне потребната гледаност, но тоа е огромна и ретка пресвртница.

Во прилог погледнете го видеото за песната “Love Bites”