Државна лотарија известува дека во 64 коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е
лото-премија во вредност од 109 012 304,50 денари, (над 1,7 милион евра).
Извлекувањето се реализираше , во сабота, на 10ти август 2024 г., со пренос во живо
на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на
продажното место ВЛАДИЈА 2011, во Охрид. Уплатени се 10 лото-комбинации, а
добитна е 6-тата комбинација со броевите: 7, 10, 27, 31, 33, 35, и 36.
Ова е 28-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на
Државна Лотарија (од 2010 година), а во едно и најголемата која е постигната до
сега.
За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци,
Кичево, Куманово, Битола и Скопје.
Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето
искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на ЛОТО 7.
Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитник и ќе ви ја
пренесеме среќната приказна на најновиот лото милионер.
Во тек е уплатата за коло 65, а премијата за 7-ка изнесува 10 000 000 денари, премија
која е гарантирана од страна на Државна лотарија.
Во наредниот период Ви предлагаме онлајн учество на www.loto.mk, во играта на
среќа со најголема добивка во државата – Играта ЛОТО 7.