Вива по четврти пат е избрана за најпознат бренд во категоријата „Природни сокови“ од страна на потрошувачите

144

По четврти пат, Вива е најпознат бренд и прв избор на потрошувачите во 2024 година кога станува збор за природни сокови, покажува најновото истражување „Најпознати брендови според потрошувачите” на агенцијата Инсајдер ИД. Со препознатливост на брендот од 31% во категоријата „Природни сокови”, Вива ја потврди долгорочна доверба на потрошувачите во производите на компанијата.

Наодите се дел од сеопфатната студија „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2024-та година“, реализирана на национално ниво преку персонални интервјуа со 1 200 активни потрошувачи. Истражувањето овозможува прецизен увид во перцепциите и преференциите на македонските потрошувачи.

„Благодарни сме на нашите потрошувачи за довербата која ни ја укажуваат и што сме нивен прв избор како најпознат бренд за сокови во Македонија. Веќе четири години по ред, ова престижно признание е потврда дека нашата посветеност на квалитетот и производството со сопствена преработка на свежо овошје и зеленчук е препознаена и вреднувана. Наградата е уште еден показател дека се движиме во вистинската насока и дека нашата определба за врвен квалитет е препознаена на пазарот“, истакнуваат од компанијата.

Истражувањето на агенцијата Инсајдер ИД, кое четврта година по ред спроведува сеопфатна анализа во 16 различни категории, го потврдува континуираното лидерство на Вива во сегментот на природни сокови. Ваквиот успех е резултат на долгорочната стратегија на компанијата за одржување високи стандарди во производство и иновативен пристап кон пазарот.

Во својата јубилејна година од основањето, Вива не само што ја задржува водечката позиција, туку поставува и нови стандарди во индустријата. Компанијата континуирано го надградува својот асортиман следејќи ги современите трендови и специфичните потреби на потрошувачите. Посветеноста кон високи стандарди и континуиран развој останува главен двигател во растот на брендот, кој веќе три децении успешно гради доверба кај македонските потрошувачи.

Плановите за иднина на компанијата вклучуваат понатамошни инвестиции во развој на нови производи и технологии, со цел да се задржи водечката позиција на пазарот, како и зголемување на пазарното учество на светските пазари.