Четири моќни модни додатоци за лето

63

Секоја сезона носи модни фаворити и трендови кои може да се задржат неколку години, а може да бидат заборавени веднаш штом ќе дојде есента. Ако Ви е важно да изгледате модерно, запомнете дека тоа лесно можете да го постигнете со комбинирање на стари стилови и моќни додатоци без кои трендсетерите не можат да го замислат летото.

Еве неколку парчиња и додатоци кои ќе Ви помогнат да блеснете ова лето:

1. ПЛЕТЕНА ЧАНТА

Плетената чанта е незаменлив додаток за лето. Совршено се вклопува во секоја летна комбинација, а се препорачува да ги носите на плажа. Се носат сите модели, од мали чанти до модели XXL кои не потсетуваат на турбан, па нема да Ви биде тешко да изберете модел кој „Вам Ви одговара“.

2. МАКСИ ФУСТАН

Макси фустанот е совршен избор за топлите летни денови. Лесен, воздушен и удобен, макси фустанот Ви овозможува да се чувствувате слободни. Изберете модели од природни материјали како памук или лен…

 

3. ГОЛЕМИ ЗЛАТНИ ОБЕТКИ

Обетки во златна нијанса се задолжителен додаток за ова лето. Ова е додаток кој дури и наједноставната комбинација ја подигнува на повисоко ниво и и дава софистициран изглед. Златната боја одлично се вклопува со исончаната кожа и може да се комбинира со различни бои и стилови. Сезонава се носат и на плажа и на ноќно излегување…

4. БЕЛ КОСТИМ ЗА ПЛИВАЊЕ

Белиот костим за пливање класика која никогаш не излегува од мода, но оваа сезона само треба да го носите. Тој е синоним за елеганција и чистота, а меѓу другото, одлично го истакнува Вашиот тен.