Една од најубавите земји во Европа крие долина со 72 водопади

170

Швајцарија е позната по многу работи, а може најубавото богатство во оваа европска земја е нејзината преубава природа.

Една од најубавите атракции во оваа земја е селото Лаутербрунен во подножјето на истоимената долина.

На секој чекор има нереални глетки, кристални езера, непрегледни врвови и чиста, недопрена природа

Долината Лаутербрунен е една од нејзините најпознати атракции, кои со причина многумина ја нарекуваат дека е рај на земјата.

Она што е специфично за Лаутербрунен е тоа што има 72 водопади!

Името на оваа долина во превод значи многу извори, а го добила по многубројните извори кои од рабовите стрмно паѓаат на ливадите и пасиштата, пишува TU магазинот.

Не се многу големи и нивната природа не е монументална, туку дискретна и романтична. Тоа е и единствената причина зошто многу туристи го пишуваат ова место на нивната мапа.

Оваа природа се наоѓа на само 70 километри од Берн, и до неа релативно лесно се стига. Штом ја напуштите цивилизацијата и урбаната средина ќе ги погледнете сцените кои ќе помислите дека се извадени од филм.
Големите карпи и алпскиот пејсаж се идеална дестинација за одмор во секое време од годината.

Во ова место постои интересна приказна која жителите ја делат со туристите. Имено, овде има точно 72 водопади, па на туристите кои се дојдени на продолжен викенд секогаш им е предизвик за 72 часа од својот одмор да пробаат да ги посетат сите водопади на долината.

Во селото кое се вика исто како долината, алпскиот амбиент е она што го прави местото неодоливо и прекрасно. Сите куќички се изградени во типичен стил, направени од карпи, а овде се наоѓа и еден од највисоките водопади во Европа.

Водопадот Штаббаух се наоѓа на самиот крај на патот кој го сече селото, и е една од најпосетените атракции во овој крај.

Лаутербрун е дел од UNESCO- светско природно наследство од 2001 година.