Мајли Сајрус ја промовира песната “Used to be young”

93

Американската поп пејачка Мајли Сајрус која се прослави во серијата на Дизни, Хана Монтана, има нов сингл. Како и серијата, одамна поминаа деновите кога Мајли пееше весели поп хитови. Новата Мајли е многу посериозна и со текстовите, но и музички. „Used To Be Young“ е своевиден времеплов и преиспитување на сопствените мисли и чувства на Мајли од деновите кога беше Хана Монтана.
Новиот сингл е прва песна која пејачката ја издаде по „Endless Summer Vacation“ во март 2023.

Иако оригинално не е дел од албумот Endless Summer Vacation, „Used To Be Young“ е бонус трака на дигиталното издание на албумот кој пејачката го издаде во март. Мајли е ко-автор и ко-продуцент на песната, на која соработува со Мајкл Полак и Грeгори Алдае Хајн. Практично тоа е истиот тим со кој соработуваше на „Flowers“.

Оваа песна е за да го почитуваме она што сме биле, да се сакаме какви што сме и да се радуваме на она што ќе станеме. Горда сум кога размислувам за моето минато и радосна кога размислувам за иднината. Благодарна сум им на моите верни фанови кои секојдневно ги прават моите соништа реалност. Искрено сум благодарна за Вашата огромна поддршка. Оваа песна е за вас, напиша Мајли
Песната ја инспирираше да продолжи да ја раскажува својатата приказна на дете актер и проблемите кои ги имала растејќи под „лупа“ на јавноста. „Used to be young“ сега е и серија во која споделува биографски приказни од деството. Ако сакате да дознаете повеќе за детството на Мајли и за растењето со познатиот татко Били Реј Сајрус, можете да го посетите ТикТок каналот на Мајли.
Во прилог погледнете го видеото на песната „Used To Be Young“