Мода на плажа: Боите и бохо стилот се враќаат

66

Бохо стилот срамежливо се враќа оваа сезона и боите за ова лето повикуваат на експериментирање и изразување на креативноста. Сигурно забележавте дека во претходните сезони доминираа крем, беж и nude нијанси, а сега ситуацијата се менува на голема радост на љубителите на бои.

Монохроматските изданија, минимализмот и земјените тонови наскоро може да заминат во заборав. Иако оваа естетика сè уште е приоритет во модната индустрија, а модните инфлуенсери патентираа сличен изглед на социјалните мрежи, славејќи ги нежните бои, уникатните и „стари пари“ тоалети. изгледа дека ситуацијата малку се менува.

Имено, бохо стилот беше популарен пред повеќе од десет години и со одредени варијации остана пожелен неколку сезони… Во одреден момент беше целосно заборавен… Сега полека се враќа, особено ако зборуваме за модните изданија што ќе ги гледаме на плажа.

Доминираат лен, памук и свила, но и широки и лелеави кроеви. Конечно, тука е и гломазниот накит кој одлично се вклопува со широки, XXL капи, но и цела палета на бои кои испраќаат порака за разиграност… Има и плетени работи кои одамна не можеме да ги видиме на модните инфлуенсери, а бохо стилот не би бил возможен да го замислиме без нив…