На 31 мај 2024 Еминем го објави првиот сингл со назив “Houdini” од неговиот следен албум “The Death of Slim Shady” што е најавен за ова лето, 2024.
Песната но и музичкото видео за песната се своевидно продолжение на ултра популарната (скоро две милијарди прегледи на Јутуб) “Without me” објавена во јуни 2009.
Не е тешко да се забележи дека музичкото видео за “Houdini” ја следи естетиката на “Without me” на сите нивоа. Постојат многу асоцијации кон стариот хит.
За толкувањето на текстот па и деталите со кои е зачинето музичкото видео, кое изобилува со безброј асоцијации за историјата на Еминем но и брутално искрени пораки за девијациите на модерниот свет во кој живееме во 2024 година, потребен е различен формат од овој на написов. Затоа, во овој текст само ќе го изразам мојот став дека ова музичко видео заедно со новиот сингл на Еминем, „Houdini“ е ремек-дело во светот на популарната хип-хоп музика и светот на музичките видеа.
Еден слој од приказната во музичкото видео раскажува и за личната борба на Еминем од пред две децении и оној денес. Ментална борба што се буди кај секој човечки идентитет откако ќе стекне искуство и сензации што му ги менуваат личните ставови за многу аспекти од животот. Борбата на Еминем од 2024 година со Слим Шејди од 2002 кој преку временски портал патува во иднината има одлична визуелизација во музичкото видео.
Во прилог може да го погледнете видеото на “Houdini”