Нов изглед – нова свежина: Разлади се со „VIVA Ice Tea“

400

Летото станува уште позабавно со „VIVA Ice Tea“.

Водечкиот македонски бренд за безалкохолни овошни пијалаци, го освежи визуелниот идентитет на своите овошни ладни чаеви. Добро познатите пијалаци за сите возрасти сега се достапни со нов освежен изглед.

Оваа категорија на производи, со вкусови на праска, брусница и лимон во пакувања од 1,5 литри и 0,5 литри, сега имаат нови редизајнирани етикети кои го истакнуваат квалитетот и свежината на овие пијалаци.

“Нашата цел е секогаш да бидеме во тек со актуелните трендови и да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи. Новиот дизајн не само што го рефлектира нашиот ангажман за квалитет, туку ја нагласува природната свежина на нашите производи” велат од менаџментот на „ВИВА“.

Ладните овошни чаеви од портфолиото на „ВИВА“ кои се присутни на македонскиот пазар веќе 15 години, достапни се и во земјите од Блискиот Исток.

Со својата посветеност кон задоволството на потрошувачите веќе три децении, „ВИВА“ континуирано го потврдува својот врвен квалитет и иновативност во работењето.