Прогласени најуспешните мажи во Македонија

126

Маестро Симон Трпчески е Маж на годината за 2022

Прогласени најуспешните мажи во Македонија

Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Вчера, се одржа гламурозната манифестација „Мажи на годината“настан поддржан од Casinos Austria International Macedonia,по петтијубилеен патво DoubleTree by Hilton- Скопје, со најголема посетеност досега. Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори и ексклузивниот гостин Петар Грашо. Беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележале 2022 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата „Маж на годината 2022“ ја понесеМаестро Симон Трпчески.

Симон Трпческие еден од најафирмираните македонски изведувачи и најдобриот македонски пијанист на сите времиња, човек со беспрекорен стил во музичката индустрија.Тој ја доби и наградата за „Маж со најголем придонес во културата“.

Наградата„Маж со трајни вредности“ ја доби Проф. Д-р Аце Миленковски, „Маж со најголем придонес во општеството“ му припадна на Игор Гешовски -генералниот директор на Еко Логистик, наградата „Маж странец на годината“ ја доби Амбасадорот на Јапонија, господинот Хиронори Савада, наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби Павле Камилоски. „Маж менаџер на годината“ ја понесе Д-р Емил Угриновски, за наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ беше избран Калин Ивановски, генралниот директор на Тиго Фајнанс –Филип Димитровски ја доби наградата „Млад менаџер на годината“, додека Амар Салиу ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“.Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ публикатаго одбра Отец Оливер Петровски, најголемиот хуманист во Македонија за изминатава година.

Maz na godinata-pavleНа настанот кој традиционално се одржува во ноември во чест на месецот на машкото здравје наградата „Хедонист на годината“ отиде во рацете на Илија Малинковски, а наградата „Маж на годината според организаторите“, ја доби легендарниот Игор Џамбазов.

Изборот „Мажи на годината“ секоја година традиционално се одржува последната среда од месец ноември. А организаторите оваа година го најавуваа како спектакуларен.

“Оваа вечер во DoubleTree by Hilton-Скопје на една прекрасна гала манифестација, ги славевме успешните мажи, оние кои постојано вложуваат во својот личен развој но и во општеството. Овој настан, од година во година не прави особено горди и сме пресреќни бидејќи успеавме да го задржиме вниманието на јавноста и по пет години. Секоја година имаме чест да присуствуваат убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и во заедницата, и тоа е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат особени почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати“. За забавниот дел кој беше на навистина високо ниво беа задолжени тенорот Влатко Груевски и пијанистот Андреј Наунов во придружба на саксофонот Пеце Христов, балетска група од МОБ со изведба од режисеркатаСаша Ефтимова, нашиот познат тенор Павле Камилоски, нашата водителка Миа Костова и секако нашиот актер и водител на настанот Жарко Димоски. Изборот „Мажи на годината“ веќе се препознава меѓу мажите особено како голем мотивда вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлмени кои ќе негуваат свој сопствен единствен стил. Се гледаме наредна година повторно“-изјавија организаторите од Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Идејата за реализација и организација на настанот е на Џентлмен Магазин,а беше поддржанод Casinos Austria International Macedonia како генерален спонзор на настанот, DoubleTree by Hilton Skopje, Hecho a Mano cigars & hedonist shop, Бадел – Antique Pelinkovac, Орбико, Fabu, Пакокмак, АД Пивара Скопје, Тиквеш, Скопје-Candle Shop, Avant Car, Фокабо и голем број на медиумски покровители кој безрезервно ја даваат секоја година својата поддршка.

Голема благодарност сакаме да искажеме до нашите поддржувачи кои заедно со нас го направија овој настан да биде единствен. Благодарност голема до жири комисијата која петта година по ред има тешка задача да донесе одлука кој ја заслужува помалку или повеќе оваа награда.Посебна благодарност до МРТ кои оваа година ги имаат правата за снимање и емитување на настанот, со што целокупната македонска јавност ќе може да ужива во овој преубав настан на малите екрани“- изјавија организаторите.

По официјалниот дел гостите уживаа во пијалок и добра музика за која се погрижија Полина Тасева и Иван Петровски, во опуштена атмосфера во која ги споделуваа своите импресии.

Одличната манифестација „Мажи на годината“ по 5ти пат докажа дека е единствена во Македонија!