Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка

146

Компанијата Вива, водечкиот производител на природни сокови во Македонија, посветена е не само на создавање на висококвалитетни производи, туку и на поддршка за локалните земјоделци и сопствена преработка на свежо овошје и зеленчук во погоните на фабриката. Во периодот на откуп на јаболка, што трае околу еден месец, компанијата откупува и преработува близу 1500 тони преспански јаболка од сортите ајдарет, златен и црвен делишес. Компанијата континуирано се стреми за обезбедување на квалитетна суровина за своето производство, но во исто време придонесува и за одржливоста и просперитетот на локалното земјоделство.

„Нашата стратегија е базирана на користењето квалитетни суровини за производство и обезбедување врвен квалитет на сите производи. Покрај јаболката, и понатаму ќе се стремиме да преработуваме овошје и зеленчук од македонско поднебје, како што се капини, малини, вишни, праски и домати”, истакнуваат од Вива.

Од 2017 година, Вива располага со сопствени преработувачки капацитети за овошје и зеленчук, овозможувајќи целосен процес на производство, од откуп и преработка на свежи плодови, до финален производ. Во текот на производството, овошјето внимателно се селектира и преработува со користење на најмодерна технологија, со цел зачувување на сите хранливи својства, како на јаболката, така и на другите видови овошје и зеленчук. Дополнително, производите поминуваат низ строга контрола на квалитетот во современа хемиска и микробиолошка лабораторија пред да бидат пуштени во продажба.

Преработеното овошје наоѓа своја примена во широк спектар производи под брендот Вива, првенствено во производството на висококвалитетни сокови и смутиња. Исто така, компанијата врши продажба на големо и извоз на јаболкова каша и пире за други производители на детска храна, сокови и кондиторски производи.